Имам чувство како
некој намерно да го мести. Тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи
од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни
вести, воодушевување и благодарности, само од него успеавме да слушнеме критика.
Немам што да коментирам“ рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по обкавата
дека „речиси сити банки прифатија да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот
заем, а со кои треба да се кредитираат македонските компании“.
Мицкоски го
советуваше Филипче „што побргу расчисти во неговите советнички тимови, толку
подобро ќе биде и за државата, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна
опозиција“.
– Затоа што ваков
тип на пораки, сега ние мораме да ги коментираме, бидејќи станува збор сепак за
најголема опозициска партија, но навистина се чудам. Во најмала смисла се чудам
– изјави Мицкоски.
Прашан за
коментар на средбата меѓу претседателката Силјановска-Давкова и лидерот на
СДСМ, Мицкоски вели дека ова треба да биде пракса, бидејќи и тој кога бил
избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ побарал средба со тогашниот претседателот, Ѓорѓе
Иванов и премиер Зоран Заев.
– Јас жалам што
изминатите пет месеци новоизбраниот претседател на СДСМ не побара средба со
лидерството на државата. Но, добро го оценувам и позитивно го оценувам чекорот
да побара средба со претседателот на државата – рече Мицкоски.