Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс
е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска за МИА, извори од
Министерството за здравство.
– Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара.
Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на
Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина
дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е –
премор, појаснија од Министерството за здравство за МИА.
На страницата на „Фејсбук“ на министерот беше објавено дека
тој доживеал ненадеен колапс во текот на вчерашниот ден и бил однесен во
болница. Објавата следуваше по гласини дека министерот доживеал срцев удар.