Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните мрежи соопшти дека подготовките за пуштање во употреба на новиот ски – центар Михајлово се во завршна фаза и официјалното отворање ќе биде на 1 јануари.
- Последни подготовки пред официјалното отворање на Скијачкиот центар ,,Михајлово’’ [❄️]
Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и се уште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови, напиша Јанчев на Фејсбук.