Македонската асоцијација на новинари (МАН) го повикува претседателот Стево Пендаровски без исклучок и веднаш да се извини за лажните вести кои ги шири од своите предизборни трибини, како што тоа беше случај вечерва.
МАН наведува дека Пендаровски седум (7) години откако е на власт и исто како во опозиција нарачува заедно со СДСМ и ДУИ прогони против новинари и медиумски работници. Да ја потсетиме јавноста:
-Во ваше време, како и на Заев, Кочавески и Ахмети, има над 10 кривични пресуди против независни и професионални новинари од правосудниот систем со вкупна доверба од 2%.. Во ваше заедничко време затворивте две телевизии и три весника, а најмалку 5 главни уредници наредивте да бидат сменети по партиска директива од партијата СДСМ, со која сега не сакате да се поистоветувате. Наредувавте обвиненија и пресуди на прес конференции. Наредувате кај вашите обвинители повеќе од 60 предистраги и истраги за медиуими и новинари, во ваше време Пендаровски. Ни праќавте ваши шарени да ни демонстрираат пред нашите домови, се здруживте со извршители и судии за доживотно да ни ги блокирате членовите. Вие со СДСМ сте мракот за слободата на новинарството и говорот. Ако не се извините, а не очекуваме да се извините, веруваме дека вашиот кабинет ќе ве советува кои се правните реперкусии, кои вие сигурно - не ги познавате“, соопштуваат од МАН.
- МАН јавно го прашува Пендаровски да набори веднаш, во множина, како што изјави, кои новинари биле затворани тепани, во, за него, мрачен период“.
Неговата паушална изјава ви ја пренесуваме во целост:
„Успеав да видам само кратка видео снимка од апсењето на новинарот Салиу, детали за случајот немам. Очекувам и официјалните органи и МВР да кажат и да ја чуеме и другата страна, на новинарот. Но, кога ја видов снимката на која специјалци апсат новинар и тоа повеќемина врз еден, ме врати на старите мрачни времиња на Груевски, кога новинари заглавуваа во затвор и беа тепани и замолкнувани“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Охрид одговарајќи на прашања од граѓаните.<br>
МАН потсетува дека Пендаровски во целиот негов мандат успеа само да да се слика за да обезбеди поддршка од ЗНМ и ССНМ чиј член вечерва под шокантни информации е приведен заради напад на службено лице со поседување оружје.
Каков претседател, такви здруженија и членови, соопштуваат од МАН.