Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Малолетници тешко повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

6 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во саботата вечерта околу 19 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на крстосница од улиците „Февруарски поход“ и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Љ.Т. од Скопје, мопед „априлија“, управуван од малолетник од Скопје и уште еден мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, исто така, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ