Македонија повторно твоја! - промените во твои раце е
слоганот и потписот на парламентарната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
„Твоја Македонија“, велат од
ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека слоганот
со кој ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ е резултат на претходни обемни анализи со кој се
потврдува дека главното чувство е чувството на беспомошност кај граѓаните по
девастирачкото владеење на СДСМ и ДУИ.
Токму чувството дека народот ја губи државата од своите раце
и дека нема ниту еден систем во државата кој функционира е чувството кое е
доминантно во сите истражувања и анализи. Тоа
се гледа по бројните примери како што е модуларното болница, немањето на пасоши
и лични документи за граѓаните, недостатоците дури и на учебници во
образованието, криминалот насекаде и сеприсутноста на корупцијата, како и
неказнивоста на сторителите се бремиња што го оптеретуваат македонското
општество, потенцираат тие.
Од партијата
велат дека  тоа мора да се
промени.
„Ова не е Македонија што ја сакаш и ја заслужуваш. Овие
избори се шанса да си ја вратиш Македонија повторно во твои раце! Шанса во која
можеш да веруваш, но и избор во кој мора да учествуваш! Македонија ти е
едноставно одземена, време е да си ја вратиш“ - се дел од суштинските пораки на
кампањата која ќе биде промовирана на конвенцијата каде ќе се промовираат
кандидатите за пратеници и носители на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја
Македонија“ во сабота во 12 часот во салата на Филхармонија.
Промените се во твои раце!
Македонија повторно ќе биде твоја! - преку силен економски
развој, реформи и борба против корупцијата и средување на системот - се
ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните на овие избори, стои во соопштението.