Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското
знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни
училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол
– македонското знаме.
Формирањето на знамето е традиција воспоставена во 2010
година, иако имаше прекин од пет години во време на пандемијата.
„Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит
кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на
Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон
татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и
почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе,
и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и
љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме
напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината“,
велат од Општина Прилеп.
Знамето е со димензии 24 на 12 метри.