Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски во денешното интервју за РСЕ вели дека не бил побаран притвор за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, затоа што неговото дело не сноси казна поголема од 5 години затвор.
Во акцијата „Адитив“, Ковачевски како поранешен прв човек на државните електрани пребега во странство и во моментов ниту една државна релевантна институција не знае каде се наоѓа.
- Во однос на Ковачевски, токму за него Обвинителството за гонење организиран криминал утврди дека од дејствијата во текот на постапката што беше обезбедено утврди дека може да се работи за дело со казна до 5 години затвор.
Тоа значи дека за ова дело не може да се предложи притвор меѓутоа во моментот на претресот тој не бил достапен и се уште по мои сознанија до ден денес од страна на МВР не е доставено официјално известување до обвинителството дека Ковачевски е недостапен во државата, вели Коцевски
Тој како одговор на дополнително прашање вели дека не добил никакво известување од полицијата врз основа на што би побарал притвор за Ковачевски.
- Не последна информација ми е доставена дека се уште нема известување официјално од обвинителството дали Ковачевски е достапен на државните органи. Можеби министерот (Панче Тошковски) доставил до судот, а нас судот не ни доставил, додава републичкиот обвинител.