Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, во денешната новогодишна честитка до граѓаните повика на сплотеност и на соработка за остварување на поставените цели и проекти.
Димитриевски порачува да се реализираат нови идеи, поуспешни од претходните.
– Зад нас ја оставаме 2024 година, ја испраќаме со носталгија, со надеж и со верба кон подобра и просперитетна 2025 година. Со меѓусебна почит и соработка, сплотени заедно да ги совладуваме предизвиците и поставените цели, да градиме стабилна и сигурна иднина, да бидеме инспирација за нашата младина. Наша обврска е да менуваме, да реализираме нови идеи и проекти, да бидеме поуспешни од порано, да чекориме со победнички дух и со ентузијазам. Ви посакувам добро здравје, радост и благосостојба во вашите домови, годината, што доаѓа, нека биде успешна и плодна за сите граѓани. Среќни и бериќетни празници! – честиташе градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.