Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни, вели Јован Деспотовски поранешниот директор на ТИРЗ откако беше објавена информација за негово приведување.
– Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед.
Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации, се вели во реакцијата од Деспотовски, што ја објави <a href="https://a1on.mk/macedonia/despotovski-demantira-ne-se-tochni-informaciite-za-priveduvanjeto/">А1он</a>.
Претходно, <a href="https://netpress.com.mk/priveden-poraneshniot-direktor-na-tirz-ovan-despotovski/">Нетпрес </a>и <a href="https://fokus.mk/priveden-jovan-despotovski-poraneshniot-direktor-na-tirz/">Фокус</a> објавија информација дека поранешниот директор на ТИРЗ е приведен поради причинета штета од два милиона евра. Се работи за приватна компанија којашто изведувала работи во ТИРЗ во Штип и Струмица.