Тешка сообраќајка се случи попладнево покрај реката Вардар, поточно на патот Рашче-Сарај.
Полициски извори информираат за Алсат дека се автомобил излетал од патот и завршил во Вардар. Неофицијално во автомобил биле 5 лица од семејството Арслани од село Герчец, 4 возрасни и едно 5 годишно дете.
Неофицијално станува збор за брачен пар, кои патувале со едниот син и снаата од другиот син.
Алсат дознава дека петиот сопатник е 5-годишно дете кое излетало од автомобилот при превртување на автомобилот во реката Вардар. Детето го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје.
Се уште нема јасна слика за здравствената состојба на детето, додека по останатите 4 лица се уште се трага.
Извор: <a href="https://alsat.mk/mk/teshka-soobrakajka-se-sluchi-popladnevo-pokraj-rekata-vardar-na-patot-rashche-saraj/">Alsat.mk</a>