Тие наследија
многу, многу предизвици. Дури мислам дека и претходната влада би се согласила
дека проблемите се огромни и има уште многу да се направи. Шест месеци не е
многу време за нова влада, искрено кажано. Но, ќе забележам дека врз основа на
моите директни разговори со овој премиер и со многу негови министри, за некои
од прашањата што ги споменавте, енергијата, енергетската диверзификација,
трговијата, инфраструктурата, транспортот, регионалните врски, тие постигнаа
напредок. Тие постигнаа значителен напредок, ова го изјави американската
амбасадорка Анџел Агелер во интервју за Слободен печат, запрашана за новата
владата на премиерот Христијан Мицкоски.
Ќе го земам
примерот со проектот „Бехтел и Енка“. Тоа беше нешто за што се зборуваше како
добар договор, а сепак практично не беше постигнат напредок. И сега, денес, има
реален напредок. Може да видите дека се гради инфраструктурата. Тоа е видливо.
А граѓаните можат да погледнат и да видат дека, на пример, патот меѓу Битола и
Прилеп почнува да се обликува. Тоа е важно. Договорот за интерконекторот со
Грција конечно е постигнат. Знам дека премиерот и неговиот министер за
енергетика и другите министри како и министерот за транспорт исто така, водеа
многу сериозни разговори и продуктивни разговори за интерконектори со другите
соседи, како и за транспортни врски, вклучително и железница. И сето тоа се
работи што ќе ја зајакнат трговијата, ќе ја подигнат регионалната трговија со
партнерите и со соседите и се составен дел на стратегиската поставеност на оваа
земја, особено во должина на коридорите 8 и 10. Ова се работи што ние како
НАТО-партнер ги следиме многу, многу внимателно.
Јас сум многу
задоволна што гледам дека Владата презема солидни акции за овие прашања. Дали
можат да направат повеќе за некои од другите ветувања? Апсолутно. Ние веќе
зборувавме за владеење на правото. Има многу работа да се заврши. Знам дека
премиерот го препознава тоа, како и многу други негови министри, но има многу
да се направи. И знам дека гласачите многу внимателно гледаат што прават.
Така што, мислам
дека во областите каде што можеа да постигнат некои реални успеси за некои од
овие прашања, тие го направија тоа. Но, има многу работа да се заврши.
Образованието е уште една област каде што има огромен предизвик. Здравството е
многу проблематичен сектор. А знам и од двајцата министри со кои имам чести
контакти, за здравство и за образование, дека тие ги препознаваат предизвиците.
Ова е од клучно значење за зајакнување на земјата и на граѓаните и создавање
средина каде што луѓето нема да се чувствуваат дека се на удар. Значи, има уште
многу предизвици, потнцираше Агелер.
На прашање за
образованието и здравството таа рече:
Вие знаете дека кога имате систем што е толку оштетен, тоа
не е нешто што може да се поправи за шест месеци. И ова е проблем што се
зголемуваше во многу претходни администрации. Тоа искрено постоеше во некои
форми во последните неколку децении. Како што јас го разбирам тоа, за да
навистина се покажат реформи во овие области, ќе треба да има големи,
структурни промени. И искрено, огромна инвестиција во овие два сектора. Знам
дека финансиски, Владата мака мачи со буџетот. А ова не се работи за кои можеме
да видиме брзи „поправки“. Но, тие се многу свесни, бидејќи нивните гласачи им
кажуваат, дека тоа се проблеми што треба да се решат, изјави Агелер