На сите верници што празникот го слават според грегоријанскиот календар им посакуваме прославата на големиот празник на рождеството Христово, Божиќ да донесе светлина, мир и љубов во вашите срца и домови, исполнувајќи ги со радост и надеж. Нека овој празник биде потсетник дека секој нов почеток носи нова сила, нова надеж и нова енергија, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот католички Божиќ.
-Посакуваме во мир и спокојство со најблиските да го прославите овој голем празник и да продложиме да ја градиме нашата земја со нова сила, нова енергија и нова надеж во заедништво онака како што Македонија и сите ние заслужуваме.
Допрва доаѓаат поубави денови, исполнети со напредок, единство и благосостојба за сите нас.
На земјата мир и меѓу луѓето добра волја!
Среќен и благословен Божиќ! Христос се роди!, се додава во честитката.