Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот
директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со
поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера
на околу осум милиони евра во Лотарија.
Информацијата за МИА ја потврди самиот Апостолски, кој рече
дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од
државата.
И премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во
гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија
подолго време не е во државата.
Моите информации се дека поранешниот директор на Државна
Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во
текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици
ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече
Мицкоски.