Артан Груби нема албанско државјанство, изјави за БИРН,
советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја. Истовремено, новинарите на БИРН во
Албанија не пронашле никаков
запис во тамошниот Службен весник дека Груби добил државјанство.
Во последниве денови се засилија шпекулациите дека
поранешниот вицепремиер и еден од највлијателните луѓе во ДУИ, Груби престојува
во близина на Драч.
Пред неколку дена, откако вицепремиерот Изет Меџити, во
интервју за албанската телевизија „Ора њуз“, изјави дека Артан Груби го
напуштил Косово и се наоѓа во Албанија, во медиумите се прошири шпекулација
дека Груби има албански пасош.
Груби веќе десет дена не е достапен за полицијата, а
државата ја напуштил ден пред полицијата да изврши претрес во неговиот дом.