Паднаа во вода приказните на ДУИ за тоа како тие се залагаат
Најголем доказ за криминалните дејствија на Груби е неговото
ставање на црната листа на САД. Груби изјави дека е чист како солза а сепак
побегна во Косово и се обидува да се пазари со правдата.
Али Ахмети, ДУИ и СДС молчат за бегството на Артан Груби.
На површина излегуваат сите криминали, скандали и коруптивни
дејствија на функционери и луѓе блиски до врхушките на СДС и ДУИ, а СДС и ДУИ
молчат.
Срамно е тоа што се уште СДС и ДУИ не го осудиле бегството
на Груби и не го повикале да се врати. СДС и ДУИ да кажат дали го поддржуваат
бегството на Груби.
Али Ахмети наместо да го осуди бегството на Груби и јавно да
се огради од постапките на Груби и тој замина во посета на Косово.
Толку од европските вредности и агенди на СДС и ДУИ.
Груби тврдеше дека е „човек посветен на одбраната на
европските вредности“ а нема ниту
храброст, ниту морал, ниту смелост да се појави на суд и да се соочи со
доказите.
СДС и ДУИ молчат а на јавноста и е јасно дека на тој начин
го поддржуваат бегството на Груби. Одговорност
мора да има. Во Македонија мора да завладеат правото и правдата и да се
унапреди демократијата, стои во
соопштението