Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА
нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политичар,
кој има каква било идеја, која води кон национално помирување за државните
стратешки интереси.
Мицкоски нагласува оти е добро што идејата за заедничка
стратегија, на која повика тој самиот, а потоа и коалицискиот партнер ЗНАМ
преку предложената платформа, но и лидерот на опозицијата Венко Филипче со
предлагање на натпартиска стратегија е сѐ поприсутна и се втемелува во
јавноста. Во однос на зголемувањето на минималната плата вели дека тоа ќе се
случи согласно законските прописи и таа ќе биде на ниво од над 24 илјади
денари, а во однос на барањата таа да достигне 450 до 500 евра, вели доколку
работодавачите и работниците се согласат за поголемо зголемување можат многу
лесно законски да интервенираат и како Влада тоа ќе го прифатат.
Во однос на зголемувањето на минималната плата вели дека тоа
ќе се случи согласно законските прописи и таа ќе биде на ниво од над 24 илјади
денари, а во однос на барањата таа да достигне 450 до 500 евра, вели доколку
работодавачите и работниците се согласат за поголемо зголемување можат многу
лесно законски да интервенираат и како Влада тоа ќе го прифатат. Ова прашање ќе
го отворат на следниот Економско социјален совет, што ќе се одржи во текот на
месецов.
И покрај препораките на Фискалниот совет (ФС) и на Светска
банка (СБ) за зголемувањето на старосната граница за заминување во пензија на
67 години, останува на ставот дека такво нешто нема да се случи. Не е планирано
ниту зголемување на давачките за пензиското осигурување, ниту на ДДВ-то што
исто така беше дел од препораките на СБ.
„Апсолутно останувам на ставот, тука не треба никој да има
никаква дилема…Ние сме фокусирани на политики коишто ќе значат намалување на
сивата економија, намалување на даночната евазија, повеќе пари да собереме во
буџетот, истовремено раст на економијата и повеќе пари да собереме на тој начин
во буџетот како би можеле сето ова да го сервисираме за што во моментот морам
да кажам дека сме апсолутно ликвидни, дури после долго време имавме и суфицит
во буџетот во еден месец, мислам дека беше октомври месец, од прилика 17
милиони евра, не беа милијарди и 200-300 милиони, така што најлесно е да удриме
на грбот на граѓаните. Тоа нема никогаш да го направиме, ако не ги исцрпиме
сите можности коишто ги црпиме затоа што оваа Влада е избрана со огромна
доверба од страна на граѓаните и таа доверба не смее да ја изгуби со тоа што ќе
води дволични лицемерни политики, туку стабилни политики, политики коишто се
предвидливи и политики на долг рок“, вели Мицкоски.