Лидерот на ДУИ Али Ахмети, зборувајќи на партиски собир во Куманово, рече дека ОВК ја задржала Македонија обединета, и дека македонците треба да знаат дека без албанците таа нема да постои, <a href="https://koha.mk/ahmeti-nje-cerek-shekulli-e-them-po-ti-humb-zgjedhjet-shkoj-te-shpija-vlen-si-humbes-rrinin-te-dera-hristijanit/">пишува</a> Коха.
„ОВК ја задржа оваа обединета Македонија, затоа македонската заедница треба добро да го знае тоа. Бидејќи без нас Македонија немаше да постои. Нам ни беше лесно да се приклучиме кон Албанија или Косово, но не го направивме тоа, бидејќи и ние сме господари во оваа земја“, рече Ахмети.
Ахмети меѓу другото рече дека политичарите и олигарсите размислуваат како да ја закопаат ДУИ, но им порача да не сонуваат. Ахмети рече дека не се заинтересирани да влезат во владата, но дека ВЛЕН треба што поскоро да си замине.
„Колку побрзо ја ослободат владата, толку е подобро за нив и нивните семејства, бидејќи ова е црна страница за Албанците, бидејќи историски злото ни дојде од Албанците и тоа не е добро. Слушнав дека бараат од мене да потпишам дека ако ги загубам изборите за еден глас, нема да бидам дел од владата. Четврт век кажувам, ако ги изгубам изборите, си одам дома,“ рече Ахмети.