Набавка на лекови од 8.6 милиони денари без тендер извршила
Клиниката за детски болести, во 2022 година, констатира Извештајот на Државниот
завод за ревизија.<span style="mso-ansi-language:MK"> </span>Клиниката за
детски болести во време на СДС и ДУИ набавила лекови од 8.6 милиони денари на
реверс, кои потоа ги вратила на истата фирма откако го добила тендерот<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, изјави Бране Петрушевски пратеникот од
ВМРО-ДПМНЕ. </span>
Клиниката за детски болести во време на СДС и ДУИ целосно
неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивале како донација, па така
за две донации не е запишана сумата на која истите се проценуваат.
Имено според податоците во Извештајот примени се лекови за
ретки болести во вредност од<span style="mso-spacerun:yes"> </span>200 милиони
денари, а неискористени останале лекови вредни над 50 милиони.
Како што напоменува Извештајот бројките можеби се и
поголеми, затоа што во два договори за донација не е наведена вредноста.
Нејасно е како СДС и ДУИ управувале со здравствените
установи. Ниту парите на граѓаните се штеделе, ниту донациите се управувале
домаќински.
СДС и ДУИ во здравството направија целосен хаос.
Неспособноста заврши со нив. И одговорност мора да има<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, истакна Петрушевски.</span>