Aгенцијата за остварување на правата на заедниците по повод 10 декември денот на човековите права организираше пригодна мултикултурна манифестација под мотото „Различностите не зближуваат“. Манифестацијата се одржа во КИЦ Скопје (Салон 1919), а беше збогатена со културно-уметничка прогрма на која учествуваа претставници од сите етнички заедници кои живеат во Македонија.
Човековите права се темел на нашето општество. Тие не се само концепт, туку реална обврска за сите нас, бидејќи ни овозможуваат да живееме во мир, соработка и хармонија. Македонија е земја која се гордее со својот мултикултурализам, и тој претставува мост кој ги поврзува сите заедници во заедничка цел – создавање на општество каде што секој ќе се чувствува вреднуван и заштитен.
Претставник од Албанската заедница беше младата уметничка Елма Емрулаи, од турската заедница КУД “Јени Јол“, од ромската книжевничките Мирдита и Дијана Салиу, од српската КУД „Српски вез“; од бошњачката заедници КУД “Љиљан“, од влашката заедница познатиот бенд Бона Деа, а македонскиот народ го претстави познатата солистка Лидија Кочовска.
На манифестацијата учествуваа високи претставници од Владата на Република Северна Македонија, како и членови на дипломатскиот кор во земјата.