Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Станува збор за лице со иницијали Ќ.Б., а приведено е поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.
Според информациите, приведувањето се случило по извршен службен разговор во полициската станица, каде што лицето било повикано за да даде исказ во врска со ова кривично дело.
Во текот на разговорот, одземен е неговиот мобилен телефон, а полицијата презела и други мерки во рамки на истрагата.
– Лицето за коешто прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено – изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Гоце Андреевски.