Рангирањето на
Фридом хаус не се разликува со состојбите искажани во извештајот на ЕК за
напредокот на државата. Тоа се состојби кои со години се повторуваат, но за жал
не се преземаат потребни мерки и активности за надминување на истите, вели во
разговор за „Локално“, поранешната претседателка на Државната комисија за
спречување на корупцијата, Билјана Ивановска за извештајот на Фридом Хаус,
насловен „Државите во транзиција“ (Nations in Transit).
Според неа, во
услови кога имаме високи ризици од корупција, како што е силното политичко
влијание, проблеми со (не)владеење на правото односно неказнивноста,
недореченостите во правната регулатива кои оставаат простор за злоупотреби и
поттикнување на коруптивни однесување, недоволна транспарентност, систем за
надзор, контролни механизми во јавниот сектор и како круна на се – проблемите
со интегритетот на човечкиот фактор на ниво на општеството, придонесуваат за
ваква оценка.
Таа додава дека
граѓаните мора да направат притисок, затоа што и анкетите покажуваат дека
повеќе ова не го поднесуваат.
Ивановска
образложува дека посочените случаи во извештајот на Фридом хаус се случаи за
кои во ДКСК расправале уште од почетокот на нивниот мандат во 2019 година и ги
обелодениле пред јавноста. Имено, додава екс-претседателката на
Антикорупциската комисија, пет години наназад зборуваме за проблемот со
непотизмот, предложивме повеќе иницијативи за одговорност на носители на јавни
функции…но никој не беше разрешен.
-Предложивме 42
препораки за промена на 19 закони во делот на вработувањата за да се надмине
злоупотребата на дискреционото овластување бидејќи политичкото влијание и моќ
се манифестира преку дискреционите овластувања. Но до тоа не дојде, информира
Ивановска.
Поранешната
претседателка на ДКСК смета дека граѓаните треба да пратат силна порака до
политичките фактори за тоа што сакаат и да направат притисок за менување на
политичката волја.