Навистина не знам како не е до власта која во август 2022
година ветуваше дека за неколку недели ќе почне производството, а за неколку
месеци потоа лаже дека ги групирале парцелите па тоа било пречка за да отпочне,
за да повеќе од година дена сведочиме на банкрот на компанијата, изјави
претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од општина Аеродром
одговарајќи на новинарско прашање за пропаднатата фабрика за електрични возила
во Тетово.
Треба да видиме дали е исплатена државна помош, ги
охрабрувам медиумите да ја прашаат владата, а доколку не одговори, за неколку
месеци од денеска идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде одговор на ова прашање,
додаде Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ако е исплатена државна помош,<span style="mso-spacerun:yes"> </span>тоа што тој го направил сторил огромно
кривично дело и злоупотреба на народни пари и ќе одговара за сето тоа.
Ние од самиот почеток предупредувавме дека ова е уште една
шарена лага во очи на тогаш вонредните локални избори во општина Тетово кога
имаше повторени избори за советот и во предизборна еуфорија се сликаше целиот
државен врв на чело со Ковачевски, Ахмети и останатата група. Сега истите ги
нема да излезат во јавност и да кажат зошто компанијата која така помпезно ја
најавуваа банкротираше и дали е исплатена државна помош, а ако е исплатена
колкава е таа државна помош за да знаеме колку долго некој ќе одговара затоа
што ги злоупотребува народните пари, потенцираше Мицкоски.