“Зошто ниту една институција не се заинтересира како републичкиот јавен обвинител преку неговата черка изнесува информации од Републичкото јавно обвинителство? – прашува сега суспендираниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.
Тој објави снимки од свиркач на кои се гледа како ќерката ја ибвинителот Љупчо Коцевски на новинарка во кафуле и го доставува извештајот од надзорот на работата на скопското Вишо обвинителство, кој ВЈО сѐ уште го нема добиено.
Републичкиот обвинител преку неговата ќерка го достави извештајот од надзорот на работата на Вишото јавно обвинителство до медиумите, со цел да ме оцрни. Излегувам најтранспарентно, најдобронамерно, пред целата јавност дека ова што се случува во ЈО бега од здравиот разум, дека не може републички обвинител да си дозволи од неговиот кабинет преку неговата ќерка да изнесува информации до медиум, без разлика кој медиум е. Во нашиот медиумски простор што направија? Наместо да се ориентираат на ќерката на обвинителот, како таа може да изнесува информации во јавност, се сврте вниманието во друг правец. ЈОРМ беа категорични дека не е вистина. После извесно време беше ќерка ми седнала со новинарката на кафе, зашто не можат да ги негираат снимките. За новинарот е оправдано, мора да дојде до информација. Но ќерката на обвинителот да изнесува документи?! Дали некој до денес го повикал републичкиот јавен обвинител на одговорност? Дали Собранието има побарано било што од Републичкиот јавен обвинител по однос на целиот овој настан. Републичкиот јавен обвинител одговара пред Советот за јавно обвинителство и Собранието. Изнесувањето информации е кривично дело – реагираше Хајрулахи за време гостувањето во Вечерно шоу.