Коалицискиот партнер на Али Ахмети кој прв го повика поранешниот вицепремиер Артан Груби да се повлече од политиката откако се најде на „црната листа“ на САД, синоќа во „Само Вистина“ рече дека доколку е невин сега треба да докаже во судска постапка.
– Мислам дека тој треба да се врати и да одговара или да покаже пред правните органи дека е невин. Во тоа се состои системот на правната држава, секој е невин сè додека преку судска процедура не се покаже спротивното – изјави Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.
Во меѓувреме продолжуваат партиските прозивки за тоа кој е виновен за случувањата со поранешниот вицепремиер Артан Груби.