<a href="https://alfa.mk/alfa-otkriva-zobek-mining-bila-omileniot-operator-na-jovan-despotovski-koj-dobival-tenderi-vo-tirz/">ТВ Алфа </a>објави дека скопската фирма „Зобек-Мининг“ е компанијата поради која е осомничен поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски, кај Основното јавно обвинителство.
Според <a href="https://alfa.mk/alfa-otkriva-zobek-mining-bila-omileniot-operator-na-jovan-despotovski-koj-dobival-tenderi-vo-tirz/">ТВ Алфа,</a> сомнежите паѓаат во тендерот добиен од страна на „Зобек-Мининг“ за нивелирање на земјиштето во слободните индустриски зони Штип и Струмица заради поставување на фотоволтаични панели.
Оваа фирма добила пет големи тендери од страна на Дирекцијата за ТИРЗ, а вкупната вредност изнесува 22 милиони евра.
„Зобек-Мининг“ набавувал и јаглен за РЕК Битола.
За Деспотовски се одредени мерки на претпазливост, но поранешниот функционер тврди дека нема никаква вина и дека е чист пред правдата.
Поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ, екс директор на ФИТР и кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, во изјава во вести рече дека нема да се жали на одлуката на Кривичниот суд да му одреди мерки на претпазливост, за да покаже, како што вели, дека е достапен пред правдата во секое време.
Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на Деспотовски му определи мерки на претпазливост со одземање на патната исправа и повремено јавување во судот.
Деспотовски денеска вели дека не се чувствува виновен и дека сите контроли покажале дека совесно ја извршувал својата функција.
– Сме биле подложни на надворешна ревизија, контрола на работењето постоела секогаш. Јас очекувам дека сите овие ревизорски извештаи ќе бидат земени во предвид, бидејќи ниту еден не укажува на сериозни нерегуларности, тврди Деспотовски.
Инаку, претходно дел од медиумите објавуваа дека се работи на истрага за фирма која имала пет тендери во ТИРЗ за изработка на инфраструктутура во економските зони во Штип и Струмица, а истата фирма била учесник и добитник на договори за набавка на јаглен за РЕК Битола.
Медиумите пишуваа дека од февруари 2022- ра до март 2024 компанијата Зобек мининг добила зделки од ТИРЗ во висика од околу 22,37 милиони евра, а од друга страна компанијата склучила договор со РЕК Битола за набавка на јаглен во вредност од над 20 милиони евра.
ВМРО – ДПМНЕ додека беше во опозиција пак, предупредуваше дека во ТИРЗ се склучуваат тендери за зоните кои се празни во Штип. Нивните податоци во 2023-та покажаа дека покажале дека компанијата има склучено само четири тендери и сите четири се од ТИРЗ откако на чело на дирекцијата дошол Јован Деспотовски.
Извор: <a href="https://alfa.mk/alfa-otkriva-zobek-mining-bila-omileniot-operator-na-jovan-despotovski-koj-dobival-tenderi-vo-tirz/">Алфа ТВ</a>