Премиерот Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање
за средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со бугарскиот амбасадор Радуков на
која беше кажано дека бугарската заедница во Македонија е реалност и дали тој
смета дека е реалност и дали нивното вклучување во Уставот ќе и наштети на
Македонија.
Мицкоски вели „дали е реалност или не е реалност говорат
бројките, а математиката е екзактна наука“.
Дали е реалност или не е реалност говорат бројките, а
математиката е егзактна наука и тие бројки велат дека неколкустотини граѓани
кај нас во Македонија го користат бугарскиот јазик како мајчин јазик. Не можеме
ние да кажеме дека тие не постојат. Исто како да речеме седум осум пати повеќе
има Бугари во Албанија отколку во Македонија. И тоа е исто така реалност, не
можеме да кажеме дека тие не се реалност. Но исто така е реалност и
македонската заедница во Бугарија. Исто и тоа е реалност кога ќе ги гледате
бројките. Е сега ако ние збориме Бугарите да ги вклучиме овдека во Устав сега
тогаш треба да зборуваме и да видиме македонската заедница во Бугарија какви
права има и да ги споредуваме. Реалноста на бугарската заедница кај нас и
македонската заедница во Бугарија и тогаш веќе можеме да носиме вистински
заклучоци, не можеме баби и жаби да споредуваме. Мораме работите на подеднаква
основа да ги споредуваме. Така што за мене тоа не е тема за дневна политика тоа
е тема на којашто треба да разговараме стратешки со визија затоа што таа тема
треба на нас да ни го отвори и загарантира членството во рамките на Европската
Унија на основа на Копенхагеншките критериуми – изјави Мицкоски.