Претседателскиот
кандидат од движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната прес-конференција
алармира на притисоци од власта за кои како што рече имале за цел да го
оттргнат од целосна посветеност на изборниот процес.
Димитриевски на
денешната прес-конференција пред седиштето на движењето ЗНАМ-За наша Македонија
во Скопје, рече дека за неполн месец се соочил со две обвиненија, а со
притисоци се соочувале и вработени во јавна и државна администрација, како и
граѓани од ниски социјални слоеви.
„Тоа се
непринципиелни методи, обиди за притисоци од аспект на вработени во јавна и
државна администрација, дополнително луѓето од ниските социјални слоеви
добиваат непристојни понуди нешто што и во минатото се случувало, а кога
станува збор за мене ќе поставам само прашање – дали имало до сега случај во
државата било кој од досегашните претседателски кандидати во неполн еден месец
против него да бидат поднесени две обвиненија и да биде повикан два пати пред
јавен обвинител и еднаш пред надлежен суд, а следно рочиште е закажано за 30
април во текот на кампањата?! Тоа е дополнителен притисок кон мене. Целта е да
ме одвратат од намерата во мојата борба заедно со граѓаните да ги смениме
нештата во нашата напатена Македонија и дополнително да ми одземе време да не
можам да се посветен на изборниот процес и да ја презентирам програмата“,
појасни тој.
Димитриевски рече
дека и покрај притисоците ќе продолжи и понатаму со позитивната кампања, како и
да го дава својот максимум.
„И покрај
притисоците јас ќе продолжам да го давам својот максимум, да ја презентирам
својата програма во целост пред граѓаните. Успеавме да посетиме голем број на
места и градови во државата, сретнавме луѓе кои даваат огромна поддршка на ЗНАМ
и на мене како претседателски кандидат. Денеска ќе бидеме тука во Карпош и
Центар и ќе оствариме средби со граѓаните. Во таа прилика покрај скромниот
промотивен материјал ќе им ја доставиме и нашата предизборна програма, а
верувам дека до крајот на кампањата ќе успееме да го посетиме секој дом и да ги
увериме граѓаните дека нештата во Македонија можат да бидат поинакви“, изјави
Димитриевски.