Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Жените лудуваа по него во 2000-тите (видео)

5 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Џуд Ло (51) брилираше на Венецијанскиот филмски фестивал со извонредната изведба во криминалистичкиот трилер „The Order“. Филмот ја следи приказната за еден агент на ФБИ кој се соочува со неонацистички терористи, а актерот доби големи пофалби од публиката и критичарите за оваа улога.

На премиерата одржана во Лидо, филмот „The Order“ предизвика седумминутни овации, додека публиката громогласно аплаудираше по завршувањето на проекцијата. Пред да започне филмот, Џуд Ло се прошета по црвениот тепих пред „Палацо дел Синема“, каде трпеливо се сликаше со своите обожаватели - пренесува „Variety“.

Потсетуваме дека актерот влезе во шестата деценија, а изгледа подобро отколку на почетокот на кариерата. Тој се појави во црн костум кој се состоеше од сако и панталони со висок сјај, под закопчаното сако тој носеше црна атлетска маичка, над која носеше црна вратоврска. Тенот можеби му беше и прилично исончан, па се чини дека актерот често престојува на море.

Џуд (51) го доби своето седмо дете со сопругата Филипа, која е 14 години помлада од него,  три години претходно тие го добија нивното прво дете. Преостанатите пет деца ги дели со други жени со кои бил во врска и брак. Познатиот актер е поврзан со бројни афери, една од најпознатите е аферата со дадилката додека беше во врска со познатата актерка Сиена Милер.

Овој пат ноншалантно им позираше на фоторепортерите со едната рака во џебот, додека го имаше истиот заводлив поглед со кој кршеше женски срца во 2000-тите.

Инстаграм веднаш беше преплавен со реакции.

- Згоден е и го знае тоа!

- Стар со стил.

- Што крие под сакото?

- Тој сега изгледа уште подобро отколку кога беше млад, како е тоа можно?

- Овој човек има харизма и самодоверба.

-Сè уште ми треперат колената кога ќе го видам!

„The Order“ е адаптација на книгата „The Silent Brotherhood“ од 1989 година на Кевин Флин и Гери Герхарт. Џуд претходно се појави на филмскиот фестивал во Венеција во 2016 година кога ја промовираше серијата „Младиот папа“. Неговиот камбек со филмот „The Order“ повторно ја потврди неговата способност да толкува комплексни и провокативни улоги.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Fab! (@thatsfabofficial)

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ