Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Тајните на семејството Путин – Најважните жени во својот живот ги крие од очите на јавноста

25 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Рускиот претседател Владимир Путин со децении успешно го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста и се чини дека само понекогаш или само кога тој ќе даде зелено светло, медиумите успеваат да објават некој интересен факт за него или за некоја негова блиска личност. Токму затоа, весниците и порталите ширум светот, особено оние од Западот, не престануваат да шпекулираат што прави Путин „кога светлата ќе се изгаснат“, со кого го поминува слободното време, дали се гледа со ќерките и со внуците, со оглед на тоа што пред многу години, во едно интервју за Оливер Стоун, одлучил да признае дека станал дедо. Сосема очекувано, за деталите на таа тема тој не сакал да зборува, освен дека жали што нема можност да го гледа своето внуче толку често колку што би сакал.

Шефот на Кремљ се разведе од својата партнерка Људмила Путин во 2013 година, а од бракот со неа има две ќерки, иако, како што пишува Business Insider, тие веројатно живееле одвоени животи многу години пред тоа.

– Људмила стана речиси невидлива во јавниот живот на Путин – изјавила професорката по меѓународни односи во њујоршката „Нова школа“, Нина Хрушчова, наведувајќи дека тоа се случило кога рускиот лидер влегол во „високата“ политика.

Катерина Тихонова и Марија Воронцова

Ќерките на Путин се викаат Марија и Катерина. Марија е родена во Санкт Петербург во 1985 година, а Катерина во Германија во 1986 година. И двете девојчиња се именувани по нивните баби. Прекарот на Марија е Маша, а на Катерина Катја. Маша и Катја се вообичаени руски кратенки за Марија и Катерина. Кога семејството се преселило во Москва во 1996 година, девојчињата посетувале училиште на германски јазик. Децата, наводно, биле повлечени од училиште кога Путин станал вршител на должноста претседател, а образованието го продолжиле дома.

- Не сите татковци ги сакаат своите деца како тој. И тој секогаш ги разгалуваше, додека јас бев таа што требаше да ги дисциплинира - изјавила Људмила во една прилика.

– Но, како што Путин добиваше политичка моќ, неговите деца се помалку го гледаа – вели еден од првите биографи на рускиот претседател.

Неговиот прв официјален биограф, Наталија Геворкјан, го интервјуираше него и неговото семејство во 1999 година.

– Семејството набргу стана изолирано и опкружено со обезбедување откако Путин за прв пат стана премиер – рече таа.

Како што открила таа, неговите ќерки изјавиле дека му се восхитуваат на својот татко и се гордеат со него, но дека не го гледаат многу.

- Сфатив дека Људмила не е среќна жена. Не е. - изјавила Геворкјан.

Откако ќерките пораснале

Марија Воронцова студирала биологија пред медицинската школа, додека Катерина дипломирала азиски студии на колеџ. И двете девојчиња студирале на факултет под лажен идентитет. Марија е медицински истражувач. Според извештаите, таа се омажила за холандскиот бизнисмен Јорит Фасен, иако не е јасно кога точно. Марија и Фасен, наводно, имаат дете - Путин му кажал на режисерот Оливер Стоун во 2017 година дека станал дедо.

Кога Стоун го прашал дали си игра со својот внук, Путин одговорил:

- Многу ретко, за жал.

Во меѓувреме, како што се наведува, Катерина Тихонова живее живот на висока нога, во раскошни станови и стекнува богатство. Катерина е искусна акробатска танчерка, извршен директор во областа на технологијата и има функција да ја надгледува замената на рускиот увоз. Катерина се омажила за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, иако наводно повеќе не се заедно. Нивната венчавка била раскошна во одморалиште во Санкт Петербург. Свадбата била многу безбедна и вклучувала ласерско шоу, приказ на лизгање на мраз, и лажно руско село.

Истрагата од 2023 г. открила дека, иако ги венчал свештеник на церемонијата, парот никогаш не ги официјализирал своите завети во матична служба, како што налага Руската православна црква. Извештајот сугерира дека ова е поврзано со структурата на огромното и тајно богатство на семејството.

До 2018 година, парот се разделил, наведува Блумберг. Шамалов просперирал за време на бракот, стекнувајќи профитабилни деловни интереси, пишува Business Insider.

Во времето кога тој и Катерина се разделиле во 2018 година, документите за развод откриле дека вредат 2 милијарди долари. Податоците од летовите покажуваат дека во 2017 година Катерина започнала тајна врска со германската балетска ѕвезда Игор Зеленски и дека со него добила ќерка. Катерина со нивната ќерка тајно летала во Минхен повеќе од 50 пати за да го види Зеленски во периодот од 2017 и 2019 година. Во меѓувреме, Марија се разделила од Фасен и добила дете со бизнисменот Евгениј Нагорни, пренесуваат независни руски медиуми.

Путин наводно има деца со гимнастичарката

Децата со Алина Кабаева се тема на шпекулации уште од 2008 година, кога првпат се појавија гласини за врската со Владимир Путин. Иако Путин во тоа време сè уште беше во брак со Људмила, приказните за неговата наводна врска со успешната руска гимнастичарка го привлекоа вниманието на јавноста.

Алина Кабаева е една од најуспешните руски гимнастичарки, а врв во нејзината спортска кариера беше освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Атина во 2004 година. По нејзината спортска кариера, Алина се сврте кон политиката. Многу Руси шпекулираа дека бракот на Путин со Људмила се распаднал токму поради неговата врска со Алина. Медиумите ги пренесоа изјавите на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој претходно изјави дека Алина извршила притисок врз Путин да се разведе. Исто така, за Алина се пишуваше дека има син Димитри, кој наводно го добила со Путин, додека таа јавно тврдеше дека тој е дете на нејзината сестра, а не син.

„Њујорк Пост“ во 2013 година тврдеше дека Путин со Алина има тригодишен син и девојче кое се родило во ноември 2012 година. Во 2019 година, Дејли Меил ја објави веста дека Алина, наводно, повторно се породила и родила близнаци, тоа повторно ги покрена гласините за врската на Путин со Кабаева.

Иако овие детали од приватниот живот на претседателот Путин привлекоа големо внимание во јавноста, официјални извори не ги потврдија овие шпекулации, оставајќи многу прашања без одговор.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ