Бразилскиот суд ја забрани репродукцијата, дистрибуцијата или продажбата на песната на британската пејачка Адел „Пред милион години“, освен ако не ја одобри бразилскиот музичар Тонињо Жераис, кој ја тужеше пејачката за можен плагијат поради сличноста на нејзиниот хит со неговата песна „Мухерес“.
Таа одлука ја донел судот во Рио де Жанеиро, кој ја разгледува тужбата на Жераис, објави порталот Тела.
Во тужбата за можен плагијат се вклучени и Sony, Universal Music и продуцентот Грег Курстин.
Судијата Виктор Торес нареди дека мора да се плати казна за секое прекршување на забраната за употреба на песната „Пред милиони години“.
Судот им нареди на платформите Spotify, Deezer и YouTube да ја отстранат оваа песна.
Судијата Торес посочи дека иако плагијатот не е докажан, но има силни докази за речиси целосно мелодиско совпаѓање меѓу двете песни.
Одлуката на судот е прелиминарна, а разгледувањето на доказите ќе продолжи, вклучително и барањето на Жераис за отштета.
Компаниите Sony и Universal Music негираа дека се работи за плагијат, додека Адел и Курстин не зборуваа за одлуката на бразилскиот суд.