<b><i>„Со задоволство ќе му помогнам на кој и да дојде на моето место, ќе помогнам. Тука сум за се“ - изјави Андреа Шушњара, која планира да ја напушти групата по 13 години.</i></b>
- Официјално сум најдолговечната пејачка. Целиот мој живот во изминатите 13 години го подредив на Магазин, не можам да се занимавам со дополнителна работа, се е само Магазин - Магазин. Мислам дека доаѓа време да свртам нова страница, да се свртам кон себе. Не е сега - сега заминување, но мислам дека ќе се случи тоа'', го најави своето заминување од групата Магазин Андреа Шушњара (36).
Многу работи се сменија од самите почетоци на сплитската група која е основана во 1979 година под името Млади батали, а три години подоцна го смени името во сегашното. Она што најмногу се смени се секако пејачките.
Првата пејачка на Млади батали беше Мајда Шолетиќ. Три години подоцна, Шолетиќ ја напушти групата и престана да пее.
Со доаѓањето на новата пејачка Марија Кужиќ во 1982 година, групата се менува во Магазин. Кузмиќ ја напушти групата во 1983 година поради семејни причини.
<b>Љиљана Николовска (1983 - 1990)</b>
Вистинското златно доба на Магазин започнува со доаѓањето на Љиљана Николовска, сплиќанка со потекло од Македонија, за која се вели дека е првата, но според многумина најдобра пејачка на Магазин. Со групата настапи на Сплитскиот фестивал со песната „Коколо“, благодарение на која албумот „Сплит '83“ достигна рекорден тираж.
Љиљана исто така беше главен вокал на неколку од нивните најуспешни албуми, како што се „Пут путујем“ и „Магазин“. Таа отпеа некои од нивните најголеми хитови:
„Ти си жеља мог живота“, „Око моје сањиво“, „Све би секе љубиле морнаре“, „Балканска улица“, „Два зрна грожѓа“... Турнеите траеле 100 дена без прекин. Седум години подоцна, таа замина во САД, каде и денес живее со сопругот и синот.
<b>Данијела Мартиновиќ (1990-1996)</b>
Нејзина наследничка е симпатичната Данијела Мартиновиќ. Пејачката во својата автобиографија „Туширање душе“ откри дека Тончи долго разговарал со нејзиниот татко за да и „дозволи“ да биде во Магазин. Со песната „Носталгија“ во дует со Лидија Хорват, Дуњко, Магазин ја освои Дора во 1995 година и обезбеди настап на Евровизија во Даблин, каде Хрватска се пласираше на шестото место. Даниела остана шест години и подоцна продолжи со успешна самостојна кариера.
<b>Јелена Розга (1996 - 2006)</b>
Наследничка на Данијела е младата балерина Јелена Розга, која дебитираше на Мелодии на хрватскиот Јадран во 1996 година со неполни 18 години и со песната „Сузе бисерне“. Хитовите што ги испеа Розга беа „Гутљај вина“, „Гинем“, „На свету све“, „Опијум“, „Минус и плус“, „Ко ме зове?“... По 10 години Розга ја продолжува својата самостојна кариера.
<b>Ивана Ковач (2006 - 2010)</b>
Новиот вокал станува Ивана Ковач, ќерката на Мишо Ковач. Истата година го издаваат албумот „Дама и ца“, кој сосема се разликува од класичниот звук на Магазин. Поради длабокиот глас и црната коса, Ковач е токму спротивното од нејзините русокоси претходнички. Ковач остана четири години.
Во 2015 година, Хуљиќ за српските медиуми изјави дека пејачите едноставно морале да имаат светла коса бидејќи луѓето не прифаќаат бринети: од Љиљана Николовска, преку Данијела Мариновиќ и Јелена Розга до Андреа Шушњара, сите освен Ивана Ковач се русокоси.
- Сите тие во Магазин го имаа тој некој специфичен стил и изглед. Ивана беше црна и алт. Луѓето не ја прифатија. Морав да вратам русокоса која го има тој сопрански глас. Луѓето се навикнаа, и луѓето сакаат русокоси, изјави своевремено Тончи.
<b>Андреа Шушњара (2010 -)</b>
По Ковач, на ред дојде Шушњара, а Магазин му се врати на својот препознатлив звук. Таа дебитираше на Сплитскиот фестивал со песната „Сијамски близнаци“. Шушњара е во групата 13 години, но како што вели сака да сврти нова страница.