Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Се разведе Натали Портман после 11 години брак

14 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сега парот и официјално е разведен, а тоа ексклузивно го потврдува и порталот Пипл. Натали барањето го поднела во јули минатата година, а разводот официјално бил финализиран минатиот месец во Франција, каде славниот пар живее со децата, синот Алеф (12) и ќерката Амалија (7).

Проблемите во бракот започнаа откако францускиот магазин „Воиси“ објави фотографии на кои се гледа како поранешниот балетан интимно се дружи со активистката за климатски промени, Камил Етјен (25). Откако се дозна за неговата афера со две децении помладата Французинка, Натали и Бенџамин се трудеа да се смират и да го спасат својот брак, но се чини дека оскаровката не успеала да го преболи неверството.

Натали и Бенџамин минатата година одлучија да живеат одвоено, но наводно сè уште се обидувале да го спасат својот брак.

- Натали се надеваше дека нејзиниот брак ќе трае вечно. На почетокот ѝ беше многу тешко, но пријателите ѝ помогнаа да го надмине тешкиот период. Натали помина многу тешка и болна година, но од сето тоа излезе посилна и радост наоѓа со семејството, пријателите и работата. Нејзе ѝ беше приоритет да се погрижи ситуацијата во која се нашле таа и Бен да биде што е можно побезболна за нивните деца. Таа и Бен навистина ги сакаат своите деца и подеднакво се фокусирани да бидат најдобри родители, тоа им е најважно – изјавил за Пипл извор близок на актерката.

Бенџамин наводно сторил сè што можел за да ја убеди Натали да му прости, да го зачуваат семејството, но се чини дека тоа што го направил на актерката ѝ делувало непростливо.

Оттогаш и двајцата успеаја да се носат со тешките работни обврски. Бенџамин е кореограф на „Дина: Втор дел“, хит-продолжение на „Дина, пустинската планета“, додека Портман имаше бројни проекти, вклучувајќи ја и промоцијата на филмот „Мај декември“. Таа моментално го снима филмот „Фонтана на младоста“ во режија на Гај Ричи.

Да потсетиме, Натали и Бенџамин се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот „Црниот лебед“ за кој тој ја направи кореографијата и глумеше балетан, а таа доби Оскар за главна женска улога во тој филм. Тие се венчаа три години подоцна.

Извор: srecna.republika.rs

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ