Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

„Се бори јуначки“- менаџерот на Бора Чорба информира за неговата здравствена состојба

28 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Од српски Телеграф контактирале со менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ, со цел да проверат дали има нови информации за рокерот.

- Бора Ѓорѓевиќ се наоѓа во љубљанската клиничка болница, интубиран е поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Лекарите даваат сѐ од себе да ја подобрат здравствената состојба, особено бубрезите и црниот дроб - ни изјави Бане и додаде:

- Добива соодветни терапии. Бора херојски се бори – ни откри Обрадовиќ.

Менаџерот на Бора го привлече вниманието на грдите натписи кои деновиве се појавија во медиумите.

- Има и некои натписи, особено на социјалните мрежи, кои не се добри, тие се злонамерни, што во овие моменти на една легенда, која се бори за живот, не се точни и тоа не е хумано. Семејството не се огласува, бидејќи освен наведеното и нема што повеќе да се каже, сите чекаме добри вести – рече тој, објави Телеграф.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ