Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Ријана ѝ го излекува ранетото срце на Натали Портман, за некои пораката е навреда

19 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во една епизода од „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, актерката оскаровка зборувала за незаборавната интеракција, во која пејачката добитничка на Греми ја нарече Портман „една од најжешките кучки во Холивуд“.

- Тоа беше неверојатно искуство за мене. Мислам дека секоја жена што поминува низ развод треба Ријана да ѝ каже дека е лоша кучка. Таа ми пријде и ми рече: „Ти си една од најжешките кучки во Холивуд, засекогаш...“ – сподели Натали.

Портман поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг во јули 2023 година, по 11 години брак, поради неговото неверство. Имаат две деца.

- Тоа беше она што требаше да го слушнам - нов почеток. Зголемување на самодовербата. Засекогаш сум ѝ благодарна – изјавила дивата, пренесува „ХоливудРепортер“.

Натали Портман ѝ кажа на Ријана дека ја сака, а таа одговори велејќи: „Јас сум твој фан“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ