Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Чолиќ се прости од Бора, откри дека рокерот многу му помогнал на почетокот на кариерата

4 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Веста за смртта на фронтменот на групата „Рибља чорба“ растажи многумина, а Чолиќ во објава на Инстаграм го опиша нивното пријателство.

- Бора. Нашиот добар Бора. Голем уметник кој замина прерано. Работевме и се дружевме над 45 години. Првата песна што ја направи за мене беше „Продужи даље“ и се сеќавам дека тоа беше всушност првата песна што ја направи за некој друг освен за неговиот бенд. Што да се каже за неговите текстови, за неговите песни. Уметнички дела. Уметнички дела кои секогаш ќе не потсетуваат на големиот Бора! Ти благодарам за сè! Секогаш ќе бидеш во нашите срца - напиша Здравко Чолиќ во објава на Инстаграм, а на фотографијата ги гледаме него и Бора во младоста, прегрнати и насмеани.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ