Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Моторџиите се организираат за погребот на Бора Чорба во сабота во Чачак

4 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На социјалните мрежи, моторџиите се организираат за патување до Чачак за погребот на, како што велат, „нашиот Бора“, објави Телеграф.

„Одиме моторџии, масовен погреб за нашиот последен RnR гладијатор кој со години ги полнеше мото собирите, тој заслужи да дојдеме што повеќе, со неговата музика пораснаа генерации“, се наведува во поканата.

„Треба да ги запалиме машините во сабота и да го испратиме нашиот Боро“, се вели во еден коментар.

Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

„Почитувани пријатели, со тага и жал ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ нѐ напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 - 04.09.2024 година.“ стои во соопштението.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ