Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Лиам Нисон најави дека се повлекува од акционите филмови (ВИДЕО)

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во едно неодамнешно интервју, познатиот актер зборуваше за своите години и откри дека мисли дека поради тоа е подобро да не прифаќа физички напорни улоги.

Како што пренесува Deadline, актерот на познатата акциона серија 96 Hours, како и бројни други акциони филмови, сè уште сам ги изведува своите борбени сцени, додека каскадерот Марк Ванселоу, долгогодишниот соработник на актерот, ги презема потешките акробатски сцени што Нисон не може да ги направи.

„Имам 72 години, тоа мора да престане во одреден момент“, изјави тој за People, мислејќи на неговите улоги во акционите филмови. „Не можете да ја измамите публиката. Не сакам Марк да мора да ги прави сцените со борба за мене“, додаде Нисон за People.

Иако не одредил точен датум кога планира да престане да глуми во акциони филмови, тој навести дека тоа би можело да биде некаде во 2025 година.

„Можеби кон крајот на следната година. Мислам дека тоа е тоа“, кратко прокоментира Нисон.

Следниот филм на Нисон, Absolution, ќе се појави во кината во ноември. Се зборува за старечки гангстер кој се обидува повторно да се поврзе со своите деца и да ги исправи грешките од минатото. Режисер на филмот е Ханс Пет Моланд, а сценариото го напиша Тони Гејтон.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ