Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

„Кис“ ги продаде своите авторски права за над 300 милиони долари

5 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На почетокот на декември, во Њујорк - од каде што оваа американска група и произлезе, „Кис“ го изведе последниот концерт од нивната проштална турнеја.

Ова не е прв пат бендот да соработува со музичката компанија, чиј соосновач е Бјорн Улвеус од „АББА“. Кога излегоа на сцената за нивниот последен настап во „Медисон сквер гарден“, на крајот од концертот, актуелните членови на „Кис“ - основачите Пол Стенли и Џин Симонс, гитаристот Томи Таер и тапанарот Ерик Сингер, претставија дигитализирани „копии“ од себе. Најсовремената технологија е создадена од компанијата за специјални ефекти на Џорџ Лукас - „Индастријал лајт енд меџик“ во соработка со „Попхаус“.

Овие две компании неодамна ги здружија силите и за шоуто „АББА војаж“ во престолнината на Велика Британија, Лондон.  /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ