Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Киану Ривс на премиерата на новиот филм позираше со партнерката Александра (ФОТО)

17 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Киану ја има една од главните улоги во филмот, заедно со Џим Кери.

На премиерата ја однел својата девојка Александра Грант (51). Заљубената двојка позирале на црвениот тепих и не ги симнувале погледите еден од друг.

Александра носеше црн фустан до подот со детали со светки, додека Киану костум. Претходно актерот присуствуваше на премиерата на филмот во Лондон без својата девојка.

Грант и Ривс ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но кога се појавуваат, со задоволство позираат на црвениот тепих. Тие позираа заедно за прв пат во 2019 година. Двајцата се блиски по возраст и соработуваа на книгата Ода на среќата од 2011 година, напишана од Ривс и илустрирана од Грант.

Со текот на годините нивното пријателство се претвори во романса, но не сакаат јавно да зборуваат за својата љубов. Еднаш Грант беше прашана како е да се биде во врска со некој толку познат како Киану и дали е потешко да се оди на црвениот тепих со или без него.

"Добрата работа во заљубувањето како возрасен е тоа што градиш своја кариера пред да започне врската. Така ми беше. Се чувствувам многу самоуверено во мојата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот тепих и во пар и сама“, изјави таа за списанието People. Вели дека се голема мотивација еден за друг.

Александра е уметник и филантроп од Лос Анџелес која изложувала низ целиот свет. Родена во Охајо, таа е уметник откако дипломирала на колеџот Свартмор во 1994 година.

Таа е позната по тоа што користи говор и јазик во својата работа и соработува со писатели во создавањето на скулптури, фотографии, цртежи и видео дела. Така се запознала со Киану, кој освен што снима филмови, се интересира и за поезија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ