Пејачката Јелена Карлеуша јавно ги откри деталите од бракот
со поранешниот сопруг Душко Тошиќ, а нејзината изјава за неговите сексуални
достигнувања уште еднаш ги запали социјалните мрежи.
Пејачката Јелена Карлеуша речиси секојдневно открива нови
детали од бракот со Душко Тошиќ, особено оние кои доведоа до крах на нивниот
брак.
Сега проговори за најинтимните детали и судејќи по коментарите
кои следеа по нејзината објава на Инстаграм, не ја пропушти можноста уште еднаш
опасно да го „боцне“ поранешниот сопруг со кој беше во брак 16 години.
„Кога го замислувам Душко со друга жена, ми е убаво, бидејќи
знам дека тоа што го направив со него, ниедна не го може. Мислам дека сум многу
посветена на тие работи и затоа уживам да ги замислувам. Знам дека во тој секс
ќе дојде до општо разочарување и затоа уживам и едвај чекам да се случи“, изјави
Карлеуша, а потоа додаде:
„Мислат дека сопругот на Јелена Карлеуша е најдобриот
љубовник на светот. Едвај чекам да се случи тоа... Злобна сум, што ќе правам
кога сум злобна. Понекогаш легнувам навечер и замислувам: „Ах, кога ќе сфатат“