Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Џеки Чен ги загрижи фановите со изгледот- тој објасни што му е (ФОТО)

8 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Откако минатиот месец на X почна да кружи фотографија од седокос Чен, многу фанови споделија во коментарите дека се загрижени за неговото здравје.

Чен вчера го одбележа својот роденден објавувајќи своја фотографија на различни филмски сетови низ неговата долга холивудска кариера. Во описот, актерот тврди дека „многу пријатели“ се загрижени за неговото здравје откако се појави фотографија од него со „бела брада“.

Иако сигурно не е невообичаено да се има седа коса на 70-годишна возраст, Чен реши да се отвори за својот нов изглед. „Неодамна, многу пријатели видоа некои од моите неодамнешни фотографии на Интернет и сите беа загрижени за моето здравје. Сакам да ја искористам оваа прилика да ги известам сите, не грижете се! - порача Чен.

„Тоа е само изгледот на ликот за мојот последен филм. Ликот бара од мене да имам бела коса, бела брада и да изгледам старо“, додаде тој. Чен, исто така, рече дека „секогаш бил подготвен да проба нови работи за филм, без разлика дали тоа е предизвикувачка кореографија или изглед на ликот“.

Во својата објава тој напиша и: „Уште пред денес многу пријатели ме потсетуваа: Џеки, ќе ти дојде 70-тиот роденден! Секогаш кога ќе го слушнев овој број, срцето ми застануваше за момент - веќе имам 70 години?“

„Да можеш да старееш е среќа. Особено за нас каскадерите, не знаете колку сме среќни што можеме да остариме“, додаде Чен. Познатиот актер истакна дека со „шоу бизнисот се занимава веќе 62 години“, додавајќи дека е „среќен“ што снима и денес. „Гледањето на овие фотографии ми враќа толку многу прекрасни спомени. Сè што можам да кажам е: сакам да снимам филмови и ве сакам сите вас“, рече Чен.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ