Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Бред Пит откри кој филм му го сменил животот и објаснил зошто (ВИДЕО)

12 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Станува збор за воениот филм Heart of Steel (Fury) од 2014 година, во режија на Дејвид Ајер, режисер на филмовите Training Day и The Fast and the Furious.

Сместено во април 1945 година, Heart of Steel го следи неискусниот екипаж на тенкот Шерман, предводен од командантот Дон „Вардади“ Колиер (Пит). Петчлениот екипаж е на опасна мисија која бара од нив да ги преминат непријателските линии и да се пробијат во срцето на нацистичка Германија.

Војниците предводени од Вардади ги играат Шиа ЛаБоф, Логан Лерман, Мајкл Пења и Џон Бернтал.

Кога го промовираше филмот на европските фестивали, Пит зборуваше за своето искуство на снимањето. Тој открил дека другите актери го гледале како лидер и сите емотивно се врзале за тенкот во кој поминувале многу време за време на снимањето. Пит дури одбил да се симне од тенкот за време на паузите.

Но, особено влијание врз него оставиле односите што ги создал со неговите колеги актери, пишува Far Out. "Научив многу од овој филм. Сите го напуштивме сетот збогатени со нови искуства", изјавил еднаш актерот.

Пит, исто така, чувствувал дека подобро ги разбира искуствата на војниците за време на Втората светска војна и се надевалл дека филмот ќе им оддаде почит на вистинските воени ветерани.

"Овој филм е за исцрпеноста на војниците поради студ, глад и сѐ друго што тие секојдневно го доживувале. Ние тоа го сфативме сериозно. Се надевам дека војниците ќе се чувствуваат препознаени откако ќе го погледнат филмот", изјави актерот.

Но, од улогата на командант на тенкот, тој не очекувал дека филмот ќе го научи како да биде подобар татко. „Оваа улога е вистинска студија за лидерство и како да се стекне почит, и сега сум подобар татко поради тоа.“

И покрај декларацијата за татковство на актерот, Пит е опкружен со бројни контроверзии откако беше обвинет за вербално и физичко малтретирање на семејството за време на лет во 2016 година, а во целиот случај се вклучил и ФБИ.

Во Холивуд кружат гласини дека неговите деца, кои ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли, го прекинале контактот со него штом станале полнолетни. Годинава беше потврдено и дека неговите ќерки Шајло Нувел Џоли и Вивиен Маршелин Џоли побарале промена на презимето, бидејќи повеќе не сакале да го носат презимето на нивниот татко.

Во 2019 година, Пит и Џоли започнаа развод кој сè уште не е завршен.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ