Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Арнолд Шварценегер е снимен на улиците на Њујорк- пуштил брада поради новата улога (ФОТО)

17 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Актерот пуштил брада, која ќе му послужи за новата улога. Шварценегер ќе го глуми Дедо Мраз во божиќниот филм The Man With The Bag, кој моментално се снима, пишува Hola!.

Во филмот му се придружува и Алан Ричсон, а фотографите го фатија на улиците на Менхетен додека набрзина одеше кон сетот.

Ова е негов втор божиќен филм во кариерата. Потсетете се дека уште во 1996 година, Шварценегер глумеше во филмот Crazy Christmas Bells, каде глумеше продавач на душеци кој се обидува да ја најде најновата популарна играчка за својот син во последен момент, натпреварувајќи се со друг татко во божиќното шопинг лудило.

За потсетување, Арнолд доживеа драматична ситуација на Денот на благодарноста. Во неговата куќа во населбата Брентвуд полицијата изврши рација поради анонимна дојава за бомба. Според TMZ, полицијата во Лос Анџелес (LAPD) добила пријава за експлозивна направа во поштенското сандаче на Шварценегер во 10:30 часот, но при претресот не била пронајдена бомба.

Наводно, полициските службеници разговарале со обезбедувањето на актерот. Тие рекоа дека би било речиси невозможно да се постави каков било вид на бомба во или околу куќата, бидејќи резиденцијата има 24-часовен надзор.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ