Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Адел ја заменува музиката со актерство – посетува интензивни часови по глума

10 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

До крај ќе ги заврши концерти во Лас Вегас, а потоа ќе се посвети на други работи во животот. Според Дејли Мејл, таа би можела да почне да глуми. "Адел повеќе од една година посетува интензивни часови по глума кај врвен холивудски тренер. Кога се обврзува на нешто, дава 100 отсто од себе", рекол изворот.

Изворот исто така тврди дека Адел му рекла на својот тим да ја рашири веста на големите филмски студија и продуценти дека е подготвена за голема промена во нејзината кариера. Наводно веќе се водат разговори за потенцијални проекти.

„Еден високо позициониран холивудски извор ја советуваше да оди на часови по дијалект, ако веќе не го сторила тоа, бидејќи нејзиниот природен акцент ќе ги ограничи нејзините улоги“, рече тој. Друг извор додаде дека Адел на крајот ќе му се врати на пеењето и дека сите ќе дознаат на време.

Адел претходно изјави дека би сакала да глуми. Минатата година таа изјави дека сака да се „пробие“ во Холивуд и откри дека има филм на кој би сакала да работи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ