Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Зошто Јапонците лесно ги поднесуваат високите температури?

17 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како и многупати досега, уште еднаш се потврди дека од Јапонците треба многу да учиме.

Додека ние со денови се мачиме на овие екстремни горештини, просечниот жител на Јапонија многу полесно од нас се справува со високите температури. А, трикот не може да биде поедноставен – клучни се вашиот врат и разладена тенка марама. Ова се две клучни работи за борба против жештината.

Најтоплите месеци во Јапонија се јули и август, климата е прилично влажна и не е лесно да се издржи жештината, особено во Токио и другите големи градови. Но, како и секогаш, Јапонците одамна се подготвени за температури повисоки од 40 °С.

Освен што јадат лесна храна, пијат многу течности, носат лесна облека од природни материјали во светла боја и секогаш носат чадори за сонце.

Еве што треба да направите

Покрај тоа, тие имаат уште еден докажан трик, во разладувањето може да ви помогне обична марама во светли бои. Јапонците ваквата марама ја натопуваат со ладна вода и ја врзуваат околу вратот.

Имено, вратот е рефлексогена зона, во него се наоѓаат големи крвни артерии, а влажната марама овозможува да се освежите за време на горештините. Дека овој метод навистина делува, потврдува и фактот што во некои продавници денес може да се купат марами со разладувачки ефект, пишува Match-jp.com.

Покрај наведеното, важно е да избегнувате престој на отворено помеѓу 10 и 17 часот, да не пиете алкохол и напитоци што содржат премногу кофеин и шеќер, како и да се туширате со млака вода.

Ова е само потврда на фактот дека за време на бранот со пеколни горештини многу е важно  разладувањето на вратот, зглобовите на рацете, надлактиците и внатрешната страна на колената.

Извор: srecna.republika.rs

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ