Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Видео: Крузер предизвика огромни бранови на грчката плажа, повредена жена, капетанот уапсен!

24 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На плажата Агиос Стефанос на грчкиот остров Миконос двајца капачи се повредени откако брод за крстарење -Крузер-предизвикал големи бранови.

Крајбрежната стража известува дека огромниот бран предизвикал повреди кај капачите и превртел лежалки и расфрлал лични работи на луѓето на плажата.

Поради инцидентот грчките власти го уапсиле капетанот на криузерот „FAST FERRIES ANDROS“ откако бродот се закотвил во пристаништето во Рафина поради прекршување на прописите поврзани со несовесно пловење во близина на фиксен или мобилен транспорт и предизвикување повреда од невнимание.

Капетанијата на пристаништата Миконос спроведува прелиминарна истрага.

Според грчкиот Сити Тајмс, лицето кое го снимило инцидентот тврди дека една жена се здобила со две скршеници на ребрата и завршила во болница.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ