Претставници на шведската влада се погрижиле да нема банани на сите места каде што министерката за родова еднаквост Паулина Брандберг често е на работа бидејќи, како што пренесува Политико, се плаши од овошјето.
„Бананофобијата“ на министерката стана позната преку мејловите објавени од шведскиот таблоид Екпресен во средата, во кои персоналот на Брандберг нагласува дека бананите треба да се отстранат од просториите пред нејзините официјални посети.
„Полина Брандберг е алергична на банани, па би ценеле доколку нема банани на местата што ќе ги посети“, напишала таа во еден од мејловите испратени до Норвешката судска агенција, која го прифатила предлогот.
Во еден од мејловите испратени од тимот на министерот до портпаролот на шведскиот парламент, Андреас Норлен, беше нагласено дека на местата каде што ќе биде Брандберг за време на средбата не треба да има „траги од банани“.
Таа во неколку наврати во текот на 2020 година преку објави на мрежата Х изјавила дека има фобија од банани и дека тоа е „најчудната“ фобија на светот, а на Expressen му посочила дека може да се нарече алергија и дека добива стручна помош кога се бананите во прашање.
Според Меѓународната класификација на болести, бананафобијата не е вообичаен феномен и затоа официјално не припаѓа на фобиите, но стравовите од храна се карактеризираат како специфични, изолирани типови на фобии.