За 5-годишно девојче од италијанскиот град Кортона била организирана роденденска забава на која биле поканети 35 пријатели. Десетмина од нив се извиниле и најавиле дека нема да можат да дојдат, па што се очекувало во игралната да се соберат преостанатите 25 гости. Но, на денот на прославата никој не се појавил.
Сопственикот на игротеката се обидел да го забавува девојчето за барем малку да и го разубави денот. Овој немил настан подоцна мајката го опиша на социјалните мрежи.
"Тоа беше понижувачки и срамен момент. Но, ти, мое мало храбро девојче, не плачеше. Цело време се насмевнуваше и со надеж гледаше кон вратата. Ми покажа колку си силна", напишала мајката.
Сопственикот на игротеката, Чиро Лофредо, исто така зборуваше за медиумите: "Се беше подготвено до најситен детал - машина за пуканки, памучни слатки, големи гумени лизгалки. Знаевме за десетина деца кои нема да дојдат, но чекавме останатите залудно се обидуваа да добијат објаснување, но никој не се удостои да ја објасни причината за недоаѓањето.“
Лофредо додал дека девојчето само прашало зошто пријателите не ја посетуваат, но таа не плачела иако било очигледно дека е разочарана.
"Децата секако би дошле да си играат, ова не е нивна вина, туку на родителите“, заклучува Лофредо.