Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Среде шума снимиле животно, кое не било видено во последните 140 години: Ова ми е најсреќен ден

26 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Овој остров, инаку, претежно е покриен со шума и има три вулкани.

Членовите на експедицијата, предводени од Џон Митермаер и Џејсон Грег, поставиле надзорни камери на одредени локации и трпеливо чекале да се развие ситуацијата. Немале поим дека нивните напори ќе се исплатат многукратно.

Сѐ започнало откако жителите на островот рекле дека претходно виделе фазан гулаб (otidiphaps nobilis) и го слушнале неговото „чврчорење“. Истражувачите ги поставиле уредите на опишаните точки, верувајќи дека има помалку од 1% шанси да снимаат нешто.

„Откако го симнаа материјалот, почнавме да гледаме фотографии и видеа. Се воодушевивме кога видовме шарена птица пред камерата. Тоа е момент за кој сонувате цел живот како заштитник на природата“, изјави Џон Митермаер.

Истражувачите објавија и видео на кое го слават нивниот голем успех, истакнувајќи дека тоа бил „најсреќниот момент во нивните животи“, пренесува Unilad.

„Ова е како да пронајдете еднорог“, додаде Митермаер.

Патем, фазанскиот гулаб живее во тропските шуми на Нова Гвинеја. Препознатлив е по широката и странично набиена опашка, а видот е загрозен поради уништувањето на шумите. Неговото постоење првпат било документирано во 1882 година, а второто 140 години подоцна.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ